Алили за европското злато награден со 1 милион денари!

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Агенцијата за млади и спорт предводена од директорот Дарко Каевски му доделија парична награда на Алили од 1 милион денари.

Потсетување дека нашиот млад борач доминираше на ЕП, во финалето со 7:6 го совлада ерменскиот борач Харутјун Хованисјан.

Каевски му честита на златното момче од кое очекува да тренира напорно во наредниот период, и да ги слуша советите на неговиот тренер и со максимална посветеност еден ден да ги наследи големите имиња кои претставувале основа и придонеле во развојот на борењето во нашата држава.

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

– Драго ми е што Бесир е дел од програмата при АМС за млади спортски надежи која што секојдневно стручно ги следи 30 тина индивидуални спортисти од Олимписките спортови и ги поддржува да партиципираат на големи натпреварувања како ова Европско првенство. Бесир за овој голем подвиг ќе биде награден еднократно од страна на Агенцијата за млади и спорт со 1 милион денари – вели Каевски.

Потсетување дека свечен пречек имаше за Алили кој го организираа Општина Чаир и БК „Лирија“, со честитки и овации од сите страни.

Сега и неговите амбициите стануваат поголеми, негов сон воедно е еден ден да освои и олимписки медал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот