Алили ќе се бори за златниот медал на ЕП (ВИДЕО)

Принтскрин: YouTube/United World Wrestling

ЕП во кадетска конкуренција се одржува во Италија, Алили во Фиренца во категоријата до 48 килограми ќе се бори за златниот медал.

На патот до финалето нашиот натпреварувач во квалификациската рунда со 10:0 го елиминираше Оскар Кулшицки од Полска.

Потоа, во четвртфиналето со резултат 12:10 го совлада молдавскиот борец Андреј Витан.

И во полуфиналниот меч со 6:2 Алили славеше против Лука Гугешашвили од Грузија.

Негов противник во завршниот дуел за златото ќе биде Харутјун Ховханисјан од Ерменија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот