Алијансата за Албанците бара обвинител од ЕУ за излез од ќорсокакот во правниот систем

Фото: Профимедиа

Партијата Алијанса за Албанците во соопштение до јавноста го повтори барање во државата да има обвинител од Европска унија како излез од ќорсокакот во правниот систем, а по повод видео-материјалот објавен на социјалните мрежи поврзан со случајот „Рекет”.

– Бараме, под итно да се превземат сите законски мерки за да се расчисти целосно случајот и да се прошири истрагата. Истовремено бараме да се отвораат истраги за сите предмети кои што се во предистражна постапка, како што е предметот „Пациент” и други. Случајот ,„Рекет” е доволен доказ дека сите тие случаи се пропаднати, додека видео-материјалот кој што е објавен денеска го потврдува тоа. Алијансата за Албанците уште еднаш го повторува барањето за „Обвинител од ЕУ” како решение за излез од ќорсокакот во кој се најде нашиот правосуден систем, стои во соопштението на Алијансата за Албанците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот