Алијанса за Албанците со реакција за изјавата на Спасовски: МВР ги дискриминира своите граѓани, лишувајќи ги од државјанство

Алијанса за Албанците со реакција на изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за Предлог законот за државјанство:

„Оливер Спасовски продолжува да инсистира во неговиот шовинистички менталитет, со што се обидува да ги убеди граѓаните дека е во право за нешто што не е во негова надлежност.

Предлагач на Законот за Државјанство е Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, така да мислења ниту сме барале ниту ќе бараме од вас, а ниту МВР има право да дава мислење за законот.

Спасовски раководи со институција која ги дискриминира своите граѓани по етничка основа, лишувајќи им го правото на државјанство.

Го покануваме министерот Спасовски да го објави бројот на лица без државјанство и да се откаже од тенденцијата за замаглување на јавноста со бескорисни писма и мислења, бидејќи немаме потреба за мислење од вас.

Што да кажеме за Назим Буши, освен дека е срамот и црниот образ што го толерира овој расизам и шовинизам кон Албанците.

Дебатата и сите постапки за предметниот закон се одвиваат во Собранието и во согласност со деловникот за работа на Собранието.“, соопштија од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот