Алијанса за Албанците реагираше за средбата Пендаровски – Мицкоски

Според Алијанса за Албанците средбата Пендаровски – Мицкоски покажала дека правдата во земјава е погребана. Алијанса ја обвини и владејачката ДУИ, за која рече дека се спремни да дадат сè за да избегаат од правдата за сите злосторства што ги сториле.

-Претседателот Стево Пендаровски и лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски, одлучуваат и вршат притисок врз судовите и обвинителството во врска со најсериозниот терористички акт во земјава, насилството врз највисоката институција и избраните претставници на народот. За да го легитимираат целиот овој скандал, тие му наложуваат на претседателот на партија на Албанците во Владата, Али Ахмети, да излезе и уште порешително да суди дека на 27 април немало тероризам…. тие никогаш не ја отворија устата, ниту за монтираните случаи против Албанците, ниту за амнестијата на убиецот на малиот Алмир, рече Наим Бајрами-Алијанса за Албанците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот