Алијанса за Албанците: При избор на нов поглавар на ИВЗ да не се дозволи мешање на ДУИ

зијадин села
Зијадин Села / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

ДУИ, како што ја инструментализираше секоја друга административна институција, судството, но и образованието во државава, истото го има направено и со Исламската верска заедница на Северна Македонија, за политички-партиски интереси, велат од Алијанса за Албанците.

-Наводите на поранешниот поглаварот на ИВЗ за инфилтрирање на функционери на ДУИ на изборот или на смената на раководителот на оваа институција, се уште еден доказ дека ДУИ континуирано ја минирало улогата и мисијата на ИВЗ, мешајќи се политички за да ги исполни  своите партиски цели, кршејќи ги одредбите на самата ИВЗ, но и Уставот на РСМ со кој е гарантирано независното функционирање на оваа институција. Северна Македонија е секуларна држава и религијата е одделена од државата- стои во соопштението на Алијанса за Албанците.

Подеднакво неприфатливо е кога поранешниот поглавар на ИВЗ прифаќа да стане инструмент на ДУИ или на која било друга партија, за цели што не се поврзани со надлешностите на првиот човек на ИВЗ.

Реџепи тврди дека заради него Пендаровски станал претседател: Самиот ми има кажано, ова е твоја победа, а не моја

-Овие непринципиелни постапки на поранешниот поглавар на ИВЗ, како и на ДУИ, со право ги принудија муслиманските верници да ја изгубат вербата во оваа институција, која требаше да биде независна и со целосен кредибилитет, служејќи им на исламските верници, но и на сите граѓани, за зачувување и негување на човечките вредности и афирмација на верата. Време е да се стави крај на манипулаците на  ДУИ, која не бира ниту форма ниту начин да остане на власт, манипулирајќи и политизирајќи ја секоја институција, дури и Исламската верска заедница на Северна Македонија- стои во соопштението.

Оттаму апелираат до сите функционери на ИВЗ, но и до муфтиите на градовите во земјава, за време на процесот на избор на новиот поглавар на ИВЗ да не дозволат мешање на ДУИ, но и на кој било друг политички субјект.

-Воедно да ги почитуваат сите одредби на нормативните акти пропишани со Уставот на ИВЗ, да обезбедат транспарентен и демократски процес со вршење на најдобар избор за поглавар на ИВЗ, со што ќе се врати достоинството на оваа институција  која ги застапува муслимански верници во Северна Македонија- велат од Алијанса за Албанците.

Пендаровски демантира дека имал било каква комуникација со поранешниот реис Реџепи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот