Алијанса за Албанците: Каде е каменот симбол на настаните од 27 април?

Потпретседателката на Алијанса за Албанците, Бујаре Абази, изјави дека  на овој датум минатата година заедно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, поставиле камен со натпис „27 април 2017 година” како симбол на соборување на режимот, но тој уште не е поставен пред Собранието.

– Во знак на одбележување на денешниот датум што го симболизира денот кога беше соборен 10-годишниот режим „Груевски-Ахмети”, минатата година пред влезот на Собранието поставивме камен со натпис „27 април 2017 година”. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој беше избран токму на овој ден, вети дека овој камен ќе го постави на влезот на Собранието, за да го одбележи овој ден. И после една година, не се знае каде заврши тој камен, па затоа сакаме да знаеме каде остана ветувањето на Талат Џафери, и зошто каменот не е поставен на влезот на Собранието, рече Абази.

Посочи дека каменот го симболизира пожртвувањето и претставува исчекор на земјата кон НАТО и ЕУ заштитувајќи ја демократијата и нејзините вредности.

На новинарското прашање, за кого да гласаат албанските гласачи во вториот круг од претседателските избори, Абази изјави дека секој треба да гласа по сопствено убедување.

– Нашиот претседател Зијадин Села, беше многу дециден и остави на слободна волја како во сите демократски општества, секој граѓанин да одлучи по сопствено убедување, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот