Алијанса за Албанците и Алтернатива на Марш за демократијата: Ова е јавен израз на волјата на Албанците во државата

. Како знак на револт за потиснување на највозвишеното право на слободното гласање, овој марш – токму пред седиштето на Делегацијата на Европската унија во Скопје – ќе испрати јасна порака дека една држава која што ги започнува преговорите за членство во ЕУ не смее да дозволи дел од нејзините граѓани да бидат лишени од правото да избираат и бидат избрани, стои во соопштението.

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива за утре најавија Марш за демократија, кој, како што велаат од партиите, има за цел да ја заштити демократијата и да ја врати довербата на граѓаните во демократските вредности.

Маршот ќе започне во 19 часот од паркот Чаир, ќе продолжи преку улицата Цветан Димов, кај трговскиот центар „Мавровка“, потоа пред Владата и ќе заврши во 20 часот пред канцелариите на Делегацијата на Европската унија.

„Маршот за демократија не е само протест. Туку е јавен израз на волјата на албанскиот граѓанин во Северна Македонија, кој по последните избори смета дека сериозно се оштетени демократијата и начинот на изразување на слободната волја на албанскиот граѓанин. Како знак на револт за потиснување на највозвишеното право на слободното гласање, овој марш – токму пред седиштето на Делегацијата на Европската унија во Скопје – ќе испрати јасна порака дека една држава која што ги започнува преговорите за членство во ЕУ не смее да дозволи дел од нејзините граѓани да бидат лишени од правото да избираат и бидат избрани, што е основното човечко и политичко право во ЕУ“, велат од коалицијата.

Оттаму велат дека за да се избегне каква билo можност за зараза се погрижиле и за бројот на учесниците.

„Впрочем, за коалицијата ништо не е поважно од здравјето. Затоа, заштитните маски и одржувањето дистанца, како и грижата за здравјето на учесниците се задолжителни обврски за успешна граѓанска акција“, велат од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот