Алијанса за Албанците ги осудува кривичните дела извршени во поштата во Чаир

Кривичните пријави од Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи во Скопје, сведочат за институционалната корупција, која за жал не е единствениот случај со поштата во Чаир, наведуваат во соопштение од Алијанса на Албанците

-Ги осудуваме кривичните дела извршени во поштата на Чаир од страна на вработените на штета на граѓаните од истата општина! Бараме одговорност за целиот корумпиран ланец што се одвива токму пред изборите што треба да се одржат во наредните месеци со цел купување гласови. Поради неговата неспособност, небрежност и недостаток на правично управување, бараме оставка од директорот на оваа функција, Ејуп Рустеми, кој е кадар на ДУИ.  Потсетуваме дека ваквите акти во поштата во Чаир никогаш не се случиле сè додека оваа филијала беше предводена од потпретседателката на Алијансата за Албанците, Бујаре Абази, која не дозволи никаква злоупотреба, па дури и отпушти луѓе кои се обиделе да ја злоупотребуваат службената должност. Ова сведочи за чистите фигури на нашата партија- стои во соопштението од Алијансата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот