Алијанса за Албанците: Да се формираат комисии за испитување на случајот со бремената жена од Дебар

Алијанса на Албанците/ Фото: Архива на Слободен печат

Случајот со бремената жена од Дебар, која се лекува во Општата болница во Струга, докажува дека здравствената состојба во Северна Македонија е тешка и е надвор од контрола. Според сведочењето на сопругот, има многу неправилности, и професионално и етички, кои се поврзани со корупција, непрофесионалност и непочитување на медицинските протоколи што предизвикале непоправливи последици врз здравјето на пациентката.

Загрижувачки е и фактот дека надлежните органи играат улога на глувонеми и ја продолжуваат играта на одбрана на недопирливите или партиските војници. Иако поминаа 4 месеци, сè уште нема епилог од овој настан со сериозни последици, што покажува неспособност на системот и комплицираните лавиринти за постигнување на правда, за што зборува и ветува владата, а жртвите на неспроведувањето се обичните граѓани на оваа држава, која сè уште се влече по бесконечниот пат на транзиција.

Во ноември минатата година, Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил инспекција и ја прогласи нивната институција за ненадлежна, за да побара стручен надзор и да ги пренесе надлежностите на Комората на лекари и Министерството за здравство, кои до денес немаат не ја земале во предвид предметната институција.

Алијансата за Албанците итно бара Министерството за здравство и Комората на лекарите да формираат соодветни комисии и да ја надгледуваат стручната работа на лекарите и да откријат каква било можна грешка на лекарот и да го процесираат предметниот случај, така што семејството од Дебар ќе ја разбере вистината и да се надомести за тоа што е непоправливо – здравјето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот