Алијанса за Албанците: Целосната забрана за движење во Куманово за време на викендот создава контра-ефекти

Нивното соопштение уследи откако Владата на Северна Македонија попладнево воведе полициски час во општина Куманово – целосна забрана за викенд, со почеток од 21 часот во петок (денес) до 17 часот во понеделник.

Хаосот создаден попладнево во Куманово, како резултат на владините мерки, ја зголеми загриженоста на граѓаните уште повеќе, наведуваат во соопштението од Алијанса за Албанците.

Нивното соопштение уследи откако Владата на Северна Македонија попладнево воведе полициски час во општина Куманово – целосна забрана за викенд, со почеток од 21 часот во петок (денес) до 17 часот во понеделник.

-Од паниката нема никаков придонес затоа оваа форма на управување со ситуацијата создава контра-ефекти. Препораките за одржување на социјалната оддалеченост воопшто не се почитуваше од напнатоста на граѓаните да ги обезбедат основните потреби за храна за наредните денови како резултат на ад хол повикот на владата за полициски час, што создаде паника и конфузија кај граѓаните. Ги повикуваме граѓаните да продолжат да ги следат препораките на здравствените власти за социјална дистанца со цел да се спречи понатамошно ширење на вирусот. Во исто време, ги повикуваме државните власти да не создаваат хаос што ќе им наштети на граѓаните- се вели во соопштението.

Поминавме низ многу тешки ситуации како нација и успешно ги надминавме сите како резултат на солидарност. Без паника, ги молиме сите граѓани да бидат трпеливи! Битката ќе ја победиме сите ние заедно, со чување на мирот и внимателни! Заедно ќе успееме, со трпеливост и упорност!- наведуваат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот