Алијанса за Албанците бара да се обезбедат формулари на албански јазик за изолираните граѓани во Струга

Никој нема право да присили некого да потпише нешто без да прочита и да разбере што треба да потпише. Ова право им е одречено на неколку изолирани лица во државниот карантин во Струга, од кои е побарано да пополнат некои формулари и изјави на македонски јазик за организација на авионски превоз од Виена, наведуваат во соопштение од Алијанса на Албанците.

-Лицата за кои станува збор со право се повикуваат на законот за употреба на јазиците, барајќи обрасците да бидат и на албански јазик за да бидат свесни и да го разбираат тоа што го потпишуваат. Тие исто така бараат подобри услови и похумано однесување од полицискиот персонал. Ова барање доаѓа од изолираните луѓе кои на нивното барање за обрасци на албански јазик го добија следниот одговор: „Нека дојде Зиадин Села да ви помогне сега”!- се вели во соопштението.

Тоа што се случува во овој карантин, наведуваат оттаму, е кршење на законот од страна на самата држава, повреда на правото за информирање на мајчин јазик и психичко малтреторање на изолираните лица!

Алијанса за Албанците ги повикува надлежните органи итно да реагираат и да ги исполнат своите обврски кон секој граѓанин без разлика! Исто така, секторот за внатрешна контрола треба да бара одговорност за однесувањето на полициските службеници кои не ги почитуваат граѓаните.

Владата мора да ги знае своите обврски, велат оттамуј, и да биде одговорна за исполнување на истите. Изолираните граѓани во карантин не смее да се чувствуваат загрозени и несигурни за нивното здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот