Алијанса за Албанците: Албанците не можат да бидат жртвено јагне на македонската политика

Алијанса за Албанците / фото: АА

Вчера режимот ВМРО-ДУИ го монтираше случајот Куманово, a денес судовите на СДСМ-ДУИ ги потврдија максималните казни против кумановската група, реагира Алијансата за Албанците на вчерашното решение и потврдување на казните од страна на Апелацискиот суд за случајот „Диво Насеље”.

„Вчера режимот ВМРО-ДУИ со цел дефокусирање на вниманието на јавноста од скандалите на таканаречените бомби, го монтираше случајот Куманово, а денес новиот режим на СДСМ и ДУИ со истата цел и за дневни политики со исти механизми на фаќање на судството, ги потврди невидените казни во Нирнбершкиот процес.

Додека пресудите продолжуваат да бидат максимални само затоа што обвинетите се Албанци, јавноста не ја дозна вистината за тоа кој бил организаторот, кој даде наредба за пукање без предупредување за предавање кон момчињата во јуначката населба?

Дали е вистина дека била издадена наредба за егзекуција на најмалку двајца учесници во конфликтот откако тие се предале, што можеле да откријат овие линчувани лица…?

Само меѓународна истрага би дала одговор за сите овие дилеми, кои ние како Алијанса за Албанците бараме да се случи што е можно поскоро.

Албанците не можат да бидат жртвено јагне секогаш кога политичката класа во Северна Македонија треба да ги покрие своите скандали“, се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот