Алијанса за Албанците: Супервештачењето за трагедијата кај Ласкарци заглави кај директор од ДУИ од Гостивар

Превртен автобус на Дурмо-турс кај Ласкарци
Превртен автобус на Дурмо-турс кај Ласкарци / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Трагедијата во Ласкарци, во која животите ги загубија 16 луѓе, а над 30 беа повредени, од кои огромно мнозинство од Гостивар, не добива судски епилог и вистината за овој случај се крие од членовите на семејството, соопшти денеска Алијанса за Албанците.

Партијата додадава дека и покрај обидите да се пролонгира правдата, дел од вистината сама излегува на виделина, додека кругот на тие коишто можеби се одговорни се повеќе се проширува.

-Деновиве дознаваме една голема и многу горчлива вистина за жителите на Гостивар. Според истражувањето на организацијата „Коалиција за правично судење”, произлегува дека овој случај и вистината со години ги влече владејачката албанска партија ДУИ преку еден нејзин функционер кој доаѓа од градот Гостивар. По првото вештачење што беше направено за овој предмет, Судот наместо да излезе со правосилна пресуда, на 11 ноември 2021 година даде наредба за супер вештачење. Истото било побарано и од машинско-техничките факултети во земјава и сите, изненадувачки, одбиле, понекогаш велејќи дека немаат стручњаци, а понекогаш дека немаат што да понудат повеќе од првото вештачење. На крајот предметот завршува во Бирото за правни вештачења и таму се држи веќе 315 дена, нагласуваат од АА.

Според партијата иронија на судбината е што директорот на Бирото за правни вештачења е Валдет Џафери, претседател на огранокот на ДУИ во Гостивар.

-По толку долго одложување, таквите кадри ќе требаше да бидат казнети и суспендирани од функцијата, но во овој случај Валдет Џафери беше награден со уште едно место, тоа на претседател на огранокот на ДУИ. Се прашуваме, на кого толку добро му послужи одолговлекувањето на вештачењето за да оваа личност заслужи вакво унапредување и награди!? Кој стои зад оваа трагедија што не дозволува казнување на вистинските виновници и се плаши тие да не издадат други имиња?, реагира Алијанса за Албанците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот