Алијанса за Албанците со честитка на реизборот на Мицкоски

Христијан Мицкоски и Зијадин Села
Христијан Мицкоски и Зијадин Села / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI/МИА

Алијанса за Албанците му го честита повторниот избор на Христијан Мицкоски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а на партијата за успешниот Конгрес, како важен чекор во понатамошната консолидација на партиските структури и понудата на опозицијата.

– Проблемите со кои се соочуваат граѓаните како последица на коруптивниот и криминален режим на СДСМ-ДУИ се многубројни. Денешната опозиција ја очекува многу работа за подобрување на условите на животот на граѓаните, а посебно во борбата со криминалот и корупцијата, економскиот развој и еднаквоста на граѓаните без никакви поделби, како основни предуслови за материјализирање на европската перспектива на земјата, пишува во честитката на Алијанса за Албанците до Мицкоски.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот