Алијанса за Албанците избира наследник на Зијадин Села

Фото: МИА

Алијанса за Албанците денеска во Скопје ќе го одржи партиското Централното собрание на кое ќе биде констатирана оставката на Зијадин Села.

На Собранието треба да биде избран новиот в.д. претседател на Алијансата за Албанците.

Села на 21 август годинава даде оставка по слабите резултати на последните избори за советници во Советот на Општина Тетово, на кои Алијансата за Албанците не освои ниту еден мандат. Села тогаш најави дека повеќе нема да се кандидира за претседател на партијата бидејќи, како што рече, според статутот тоа право го има само двапати. Села на функцијата прв човек на АА беше реизбран на Конгресот одржан на 27 март годинава.

Исто така, на Собранието се очекува да се расправа и за оставката на пратеничката Иљире Даути од функцијата координатор на пратеничката група на Алијансата за Албанците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот