Алијанса за Албанците ги повикува пратениците да ѝ се приклучат на опозицијата

Алијанса на Албанците/ Фото: Архива на Слободен печат

Алијанса за Албаммците ги повикува „пратениците на ова владино малцинство“, сите тие што сакаат да ја спасат државата од организиран криминал, од корупција, од незнаење, „да се приклучат на прогресивната опозиција“.

„Приказните за евроинтеграциите на овој пропаднат режим се само алиби за бегство од правдата. Европската унија не се постигнува со Боки13, Зоки Кичеец, Вице Заев, партизирани судии и обвинители, инспектори кои изнудуваат бизниси и купуваат и уценуваат пратеници“ се вели во соопштението од АА.

АА беше една од партиите кои минатата недела се обидоа да формираат ново мнозинство во Собранието, но не успеаја откако пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи, не се појави на седницата на која требаше да се гласа за доверба на владата.

Видео на денот