Алијанса во Владата е „полн погодок“ за ДУИ, вели поранешниот потпретседател на СДСМ, Георгиев

Фото: ТВ Телма / принтскрин

„Влегувањето на Алијанса на Албанците во влада е „полн погодок“ за ДУИ, бидејќи со тоа се иззема една важна опозициска партија од политичкиот мегдан“, рече политикологот и поранешен пратеник и потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз, Гордан Георгиев во вечерашното издание на „Вин-Вин“ на телевизија „Телма“.

„Ја ставате како јуниор-партнер во владата и практично ја обезличувате идентитетски, што е проблем, особено кога сте долго време на власт, а имате опозиција која што претендира да ве замени. Имаме апсурдна ситуација во која партијата којашто е единствена денеска, беше на советнички листи со СДСМ на последните избори и веројатно тука ќе поентира ДУИ. Алијанса ќе поентира краткорочно. Тие ќе одат со паролата „За европска Македонија“ итн.“, вели Георгиев.

Според него, обидот за собирање доволен број на пратеници за уставните измени и таквиот тип на провокација кон ВМРО-ДПМНЕ, во смисла „еве сме 72-ца, 73-ца, 74-ца, 75, ни фалат уште пет“ и „постојаните ламентирања во јавноста дека ќе ги најдеме, има проевропски парламентарци во ВМРО-ДПМНЕ“, нема да завршат работа.

„Мојата теза е дека без целокупно ВМРО-ДПМНЕ во бродот, ние нема да може да ги направиме уставните измени. И не само што не можеме да ги направиме, туку и не треба да ги направиме“, нагласи Георгиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот