Aлијанса: Aлбанците не се процент, ќе ја продолжиме битката за пописот

Алијанса на Албанците/ Фото: Архива на Слободен печат

Албанците не се ниту процент ниту дел, туку се мнозинство, државотворен народ и се неделива целина, се вели во реакцијата на Коалиционата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Според нив, „одредени експоненти на македонската националистичка политика ќе дадат се од себе, преку Уставниот суд, да го откажат пописот на дијаспората, со цел да се спаси процентот на Македонци и да се намали процентот на Албанци“, смета опозициската Коалиција.

„Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе продолжи многу внимателно да ја води битката со сите демократски средства и да ги демаскира сите оние кои за ситни интереси ја загрозуваат европската иднина на Северна Македонија и се дел од антиалбански агенди. Ние ќе се погрижиме овој стратешки интерес на државата и на Албанците да не се погази и пописот да продолжи сè до попишување на секој на списокот жители на оваа држава“, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот