Алиев: Турција мора да учествува во разговорите за Нагорно-Карабах, нејзиниот збор е голем и независен

Фото: EPA-EFE/CLAUDIO PERI

Турција мора да учествува во мировните преговори меѓу Азербејџан и Ерменија за конфликтот во Нагорно-Карабах, изјави денеска азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев, додавајќи дека тој сè уште не знае кога тие ќе почнат.

Азербејџанските и ерменските сили денеска повторно со меѓусебни обвинувања за прекршување на примирјето, наведувајќи дека другата страна извршила нови напади во регионот Нагорно-Карабах и околните области.

– Турција е голема сила, што се виде кога учествуваше во смирувањето на тензиите во Сирија, во Либија и во другите меѓународни конфликти. Затоа, исто така, тие мора да учествуваат и во овој процес, рече Алиев, цитиран од британските медиуми.

Алиев додаде дека Турција е, исто така, дел и од групата Минск.

– Тогаш, зошто тие не учествуваа во разговорите? – Знам дека многу западни земји не сакаат да ја гледаат Турција на преговарачката маса, но зборот на Турција е голем и независен, рече азербејџанскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот