Алиев испорача услов за Нагорно-Карабах: Прекин на огнот само по повлекување на ерменските трупи

Фото: EPA-EFE/AZERBAIJAN DEFENSE MINISTRY HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изјави дека ќе се согласи на прекин на огнот доколку Ерменија вети дека ќе ги повлече своите трупи од Нагорно-Карабах. Тој рече дека Баку ќе биде подготвен да ги прекине своите операции во Нагорно Карабах доколку Ерменија вети дека ќе ги повлече своите сили од градовите во регионот.

– Нашиот услов за прекин на огнот е Ерменија да предложи привремена агенда за повлекување на војниците од окупираните азербејџански територии во Нагорно Карабах, што не би се реализирала само со зборови, туку да се спроведе со дела на кои територии ќе бидат ослободени, во кои денови, изјави претседателот на Азербејџан за Ал-Арабија.

Алиев додаде дека Азербејџан се согласува дека проблемот со Ерменија мора да се реши преку дијалог, но дека мора да има основа за такво нешто.

– Ерменскиот премиер мора да ја потврди својата согласност со претходните договори, според кои териториите на Нагорно-Карабах се признаваат како окупирани азербејџански територии, рече Алиев.

Според него, за прекин на огнот треба да се извини и премиерот на Ерменија, кој наводно ги нарекол окупираните азербејџански територии како ерменски.

– Доколку овие услови не бидат исполнети, операциите на Азербејџан ќе продолжат и Баку ќе се обиде да воспостави нормални односи со ерменскиот народ по ослободувањето на неговите територии, рече Алиев.

Претседателот на Азербејџан му се извини и на францускиот претседател Емануел Макрон за тврдењето дека сириски џихадисти ќе бидат префрлени во регионот за учество во операциите во Нагорно Карабах.

Главните борби во непризнатиот регион Нагорно-Карабах во Јужен Кавказ започнаа минатата недела. Двете страни взаемно се обвинуваат за почетокот на конфликтот и тврдат дека нивните сили убиле илјадници непријателски трупи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот