Алиев: Азербејџан добива три окрузи во Нагорно Карабах

Фото: EPA-EFE/AZERBAIJAN DEFENCE MINISTRY / HANDOUT MANDATORY CREDIT/BEST QUALITY AVAILABLE / HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев, соопшти дека окрузите Агдам, Келбаџар и Лажин во Нагорно Карабах во наредните денови ќе бидат предадени на Баку. Тој ова го потврди за време на посета на областите Физули и Џабраил кои Ерменија веќе ги предаде на Азербејџан, пренесува агенцијата ТАСС.

Рускиот претседател Владимир Путин, неговиот азербејџански колега Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан на 9 ноември потпишаа договор за целосен прекин на огнот во Нагорно-Карабах што стапи во сила на 10 ноември.

Договорот предвидува Азербејџан и Ерменија да останат на сегашните позиции и во регионот да се распоредат руски мировни сили. Покрај тоа, Баку и Ереван мораат да разменат затвореници и тела на убиените во конфликтот.

Ерменија и Азербејџан со децении водат спор околу територијата на Нагорно-Карабах, која е населена со Ерменци и која во советскиот период била припоена кон Азербејџан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот