АЛИ БАБА И 40 ЗАГАДУВАЧИ: Движењето за чист воздух му испратија писмо на „министерот за загадување“ Макрадули

„Али Експрес е фирма ќерка на Али Баба. Бидејќи милувате да ги користите овие две компании, ве молиме во своите изјави, во интерес на граѓаните кои сакаат да дишат чист воздух да ги наведете останатите 40 разбојници на Али Баба кои во континуитет не трујат“, пишува во писмото на движењето за чист воздух.

Од движењето за чист воздух испратија писмо до заменик министерот за животна средина Јани Макрадули по неговата изјава за сензорите од Али експрес и дека Скопје не било толку загадено.

„Почитуван заменик министер за загадување на животната средина,

Али Експрес е фирма ќерка на Али Баба. Бидејќи милувате да ги користите овие две компании, ве молиме во своите изјави, во интерес на граѓаните кои сакаат да дишат чист воздух да ги наведете останатите 40 разбојници на Али Баба кои во континуитет не трујат и се најодговорни за доведувањето на нашите животи во опасност. Како наш придонес, со цел да се разреши проблемот, ние ќе ви помогнеме за иднетификација на првите три разбојници:

1. Цементарница

2. Железара

3. Дрисла

… 40

Се надеваме дека овие три доволно ќе ве инспирираат да ја надополните листата со преостанатите. Доколку се двоумите или немате идеја кои се тие обратете се до нас, „Движењето за чист воздух“ ние ќе ви помогнеме да ги идентификувате и лоцирате како главни помошници на Али Баба.

Друже Јани ти си наше светло на крајот од индустрискиот оџак, ти си бесценет ко концесија за мала хидроцентрала, сјај во очите на генерален директор, борец против ќумбињата, цар на сите стратегии! Кога го слушаме твојот милозвучен говор се потсетуваме кога нашите претци ги водеа овците на испаша. Ти си сон за секоја партија пред избори и ќе ургираме сите пак да те стават како носител на листа.

И те молиме многу поздрави ни ги другарчињата од царина, Дрисла, Те-То, Цементара и ИнспектораТ… со кои заедно сте нашиот дрим тим од сеништата“, се вели во писмото на Движење за чист воздух.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот