Али Ахмети во посета на семејството на Хашим Тачи: Ќе се врати како победник од Хаг

Али Ахмети во посета на семејството на Хашим Тачи/Фото: Фејсбук

Претседателот на ДУИ Али Ахмети заедно со Артан Груби го посетија семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, сега обвинет за воени злосторства од страна на Хашкиот трибунал чие судење е во тек.

„Денеска го посетив семејното огниште на мојот соговорник и поранешен претседател на Република Косово, Хашим Тачи, да им дадам срце и сила на неговите родители и роднини во битката за правдата, каде нивниот син со пријателите го брани достоинството на ОВК, чиста добра причина за народот на Косово. Правдата доцни, но не заборава, па му реков на Бац Хаџи зборувавме за тоа кога се собиравме во годините на националниот отпор за слобода и државјанство на Косово. Со гордост ќе го пречекаме Хашим со пријателите при неговото враќање како победник на правдата! Слободата има име, напиша Ахмети на Фејсбук покрај фотографиите со семејството на Тачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот