Ален Рустемовски е надежен, перспективен боксер кој многу ветува за македонскиот бокс

Заедно со тимот, тренерот Јове Петровски и Боксерската Федерација на чело со претседателот Примислав Димовски и потпретседателот Фатон Салиху, Ален Рустемовски е на добар пат да освојува високи награди и достојно да ја претставува Македонија.
Рустемовски имаше прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски од кого доби поддршка и благодарница.
Импресивни се досегашните успеси на Рустемовски, во Регионалната Бокс Лига имаше само еден пораз во две сезони.
Следни за нижење победи се престижните турнири Београдски Победник, Балканското и Европското Првенство.
Зад Рустемовски стојат низа досегашни победи, како повеќекратен државен првак на Македонија, потоа најдобар македонски боксер на Меѓународниот Турнир Алексо Огненовски Македонија.
– Златен Медал на Меѓународниот турнир Лах Нимани во Косово
– Златен Медал на Меѓународниот турнир Арена Куп во Македонија
– Сребрен Медал на Меѓународниот турнир Златен Гонг
– Сребрен Медал на Меѓународниот турнир Златна Нараквица во Србија
– Најдобар Техничар на Меѓународниот турнир во Косово Независност