Алексовски го обвини Заев дека изнел невистини за него

Поранешниот советник за национална безбедност на екс претседателот Ѓорѓе Иванов, Синиша Алексовски денеска сведочеше на рочиштето во случајот „Монструм“.

Секогаш пред верски празник, се следат стандардните оперативни процедури. Се собираат податоци за намери за терористички упади од екстремисти кои можат да извршат напади на верски објекти, каде има голема фреквенција на луѓе. Во тие планови се опфаќа и движењето на претседателот. Стигаа известувања од полициски службеници, воени лица, овластени лица во УБК. Во еден од тие имав полициска дојава на податок, односно интерпретација на податок од страна на полицискиот службеник Зоран Трајковски, кој кажал дека има група која се движела по планините и може да изврши напад на полициска станица. Јас се видов со него и го прашав „Дали е изворен податок или интерпретација на податок, дали напишал оперативна информација?“. Ме извести дека со податокот ги известил припадниците на воената служба и припадниците на регионалното одделение на УБК во Куманово. Неговото барање беше доколку јас имам податоци, да ги споделиме и размениме, а јас му напомнав дека секоја година има дојава на полуинформации, изјави денеска во судница Синиша Алексоски, поранешниот советник за национална безбедноста на екс претседателот Ѓорге Иванов кој е сведок во случајот „Монструм“.

Тој вели дека може да станува збор за поранешен полициски службеник Башким Бајрами, кој живее на сто метри од местото на убиството.

– Во тој момент тој беше во бегство, па кажа дека дека доколку тој се враќал дома би го користел тој пат. Првата средба со семејствата на жртвите беше во Кабинетот на претседателот на државата, по нивно барање за да ги презентираат оние материјали и разговори кои ги добиле од лидерот на СДСМ. Тоа беше официјална средба, каде беа изнесени одредени сомневања во однос на институциите и како тие постапувале со случајот, особено во делот на заштитата со класифицираност на одредени документи во предметот. На средбата беше и Ѓорге Иванов, записничар, генералниот секретар. Тие побараа дали имаме допис од странски претставници во врска со овој случај, за да им помогнеме – рече Алексовски.

Алексовски обвини дека Заев изнел невистини за него, кога посочил на семејствата дека кај Смилковско Езеро е најден неговиот телефонски апарат, а истото на Алексовски му го кажал и на адвокатот Насер Рауфи.

– Наќевски ме извести за средбата со лидерот на СДСМ, на која што тој упатил сериозни сомневања за инволвираност на високи полициски службеници во случајот со пасивно или активно однесување, инволвирајќи ме и мене, дека наводно некој мој телефон бил паднат кај езерото. Лидерот на СДСМ изнесува невистини и клевети. Тој посочи и дека има сомневања за потеклото на возилото „опел омега”, за кое што лидерот на СДСМ посочил, цитирајќи одредби во пресудата, можно е да биде сопственост на МВР, а користено од единицата „Алфи“. Јас јасно одговорив дека се уште го користам телефонот „Нокиа Е6“, со целата содржина, сите разговори, како и сим-картичката која е службена од МВР, која пак, ако сум ја изгубил ќе требало да направи дупликат-што не се случило. Во однос на возилото, јас кажав дека додека јас бев командант, а тоа едно 30 месеци пред да се случи настанот, во возниот парк имало „опел вектра“ со црна боја. За тоа возило имам потпишано налози за користење од службеници, за тоа има и податоци. Ова лесно може да се провери и отфрли ваква невистина – рече Алексовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот