Алексис Санчез утре на лекарски прегледи

Санчез на почетокот од 2018 година дојде на „Олд Трафорд“ како големо засилување и се промовираше како еден од најплатените фудбалери во Англија.

Но, Чилеанецот потфрли и менаџерот Оле Гунар Солскјер се обидува на сите начини да се ослободи од фудбалерот. Според англиските медиуми во вторник се очекува да пристигне во Милано, ги помине лекарските прегледи и потпише за Интер.

„Неро-аѕурите“ договорија позајмица до крајот на сезоната, а наредното лето ќе имаат опција да го откупат неговиот договор за 18 милиони евра.

Би требало да биде замена за хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ кој минатата недела потпиша за Баерн Минхен.

Од доаѓањето во дресот на „црвените ѓаволи“ имаше вкупно 45 натпревари и постигна скромни пет голови и запиша девет асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот