Алексис Санчез слета во Милано на прегледи (ВИДЕО)

twitter.com/TuttoMercatoWeb

Алексис Санчез денеска во попладневните часови слета на аеродромот „Малпенса“ во Милано, каде беше пречекан од стотици фанови на Интер.

30-годишниот фудбалер прво треба да ги помине задолжителните лекарски прегледи пред да потпише и им се придружи на „неро-аѕурите“ за сезоната 2019/20.

И покрај тоа што имаше само три гола на 32 настапи во Премиер лигата за Јунајтед, тој беше голема желба на тренерот на Интер, Антонио Конте.

Ова воедно значи и дека Чилеанецот повторно ќе соработува со Ромелу Лукаку кој токму од „Олд Трафорд“ се пресели летово на „Џузепе Меаца“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот