Александра Велинова: Со гордост го носам новиот живот во себе!

За преслатката Александра Велинова, презентер и новинар, бременоста е задоволство. Таа воопшто не се плаши дали ќе се здебели неколку килограми, туку се грижи нејзиното бебенце, во стомакот, да се храни здраво. Успева да остане во фит форма, иако ете, си јаде сè што и прави ќеф.

Муабетиме на тема мајчинство, нега и се разбира, блаженството на конкретната состојба.

Kако успеа да останеш во фит форма за време на бременоста?

– Можеби затоа што никогаш во животот не сум си го поставила ова прашање – како да бидам „фит“, освен пред матурската забава, и пак, неуспешно, ми се јадеше сè што не препорачуваше диетата, па ни сега не си го поставував тоа прашање. Но, не можам да кажам дека од почеток ми е сеедно со што се храни моето бебе. Па, така, се консултирав со д-р Адела Стефанија која ме следи и нутриционистката Тања Турунџиева, бидејќи не е битно колку се внесува, туку што се внесува. По благо и вештачки шеќери и онака не сум. Шеќери внесувам преку овошјето, а во салати „се давам“. Утрото го почнувам со цеден лимон растворен во половина литар вода. Јадам почесто по помалку како што практикував и пред бременоста. Да не ги заборавиме скалите до трети на работа и лифтот во зграда кој знае понекогаш да не работи, па имам бесплатен фитнес до 8- ми кат. Викендите задолжотелно ги минувам во природа и во пешачење.

Како се справуваш со стресната професија за време на бременоста?

– Зависи кој како ја доживува нашата професија. Напротив, мене никогаш не ми било предизвик да работам во информативна, ама сега сфаќам колку е забавно. Можеби поради неограничената слобода која ја имаме во ТВ21 и поразличниот агол на гледање на нештата. Не дека не постои стрес кога чекаш до последно „инфо“, а треба да влезеш во студио, па готов ли е прилогот, ама се навикнуваш и на тоа. Инаку, неколкупати ми се случило бебево да ме скокотка насред читање вести, па ми дојде да се насмеам ама си останав професионална до крај, до нашите сериозни теми кои го окупираат општеството.

Дали, ако после бременоста со второто детенце, се здобиеш со 5 до 10 килограми пулс, за тебе тоа би било фрустрација? 

– Мене тешко може да ме фрустрира било што, а не па, килограми во бременост. Со гордост си го носам новиот живот во себе, оставам на природата и таков однос треба да имаат, мислам, сите идни мајки. Да уживаат, бидејќи колку повеќе се опседнуваат со килограми, толку повеќе мислат на храна. Можеби е клише, но јас секогаш ќе стојам на тоа дека жената ја прави убава сјајот во очите и насмевката која не треба никогаш да исчезне, а не килограмите.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот