Александра Пријовиќ открива детали од спалната соба: Го заведувала Филип со играчки од секси шоп

Instagram

Александра Пријовиќ избегнува да зборува за интимата, ама направи исклучок и откри што прави во креветот со својот сопруг Филип Живојиновиќ. Фолк ѕвездата објаснува зошто исклучиво води љубов со заштита, пишува Србија данас.

„Не би требало да забременам следниве две години. Така ме советуваше докторот, ама секако нема долго да чекам, зашто откако го добив синот Александар и видов колкава љубов е тоа, би сакала пет деца. Ама не треба да се претерува, ќе бидам среќна и со три. И Филип сака повеќе деца, тој е прекрасен татко“, рекла Александра.

Александра открива и како го заведува сопругот.

Instagram

„Бев во секс шоп првпат во животот. Отидов сама, без Филип и купив нешто за да го изненадам. А како го изненадив не сакам да кажувам, важно е дека успеав“, рекла пејачката.

„Ја чуваме нашата љубов и нашата интима само за себе. Мислам дека покажавме колку е голема нашата љубов, а оваа година добивме и нешто најубаво, синот Александар“, со насмевка продолжила Александра.

Пејачката признава дека некогаш сака да си ја проба среќата во коцкањето.

„Признавам дека неколкупати сум влегла во казино за забава. Најмногу пари изгубив во Лас Вегас и во Монте Карло. Ако отидеш таму, фора е да посетиш казино. Филип и јас одиме заедно, ставам нешто ситно, играме, се забавуваме. Повеќе добивам јас отколку Филип, па може да се каже дека имам малку среќа во коцкањето“, рекла Александра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот