Александра Грант за почетокот на врската со Кијану Ривс: Тоа беше фасцинантно! (ФОТО)

Девојката на Кијану Ривс, Александра Грант, за британскиот магазин „Вог“, откри што се случувало во јавноста, кога таа и нејзиното момче, актерот Кијану Ривс, одлучиле да им соопштат на јавноста дека се заедно. 

 – Сите кои ги познавам ми се јавија, тоа ми беше фацсинантно – рече Грант.

Сепак, за разлика од многуте познати личности кои се во врска, Александра Грант вели дека никогаш не сакала да изгледа како Ким Кардашијан, за да може да се вклопи во светот на богатите, напротив, вели дека отсекогаш го „мразела“ тоа.

Фото: Профимедиа

На прашањето за бракот, таа вели дека „го цени чувството на поврзаност“.

 – Љубовта во секоја смисла е длабоко врзана за мојот идентитет. Изолацијата ми одговара кога сликам, но тоа не е решение. Длабоко го ценам чувството на поврзаност со некоја личност – додава Грант.

Парот заедно соработуваше на книгата на Кијану Ривс, „Ода на среќата“, со тоа што тие со години имаа близок контакт, за дури по некое време да стапат во врска. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот