Александар Стојковски е новиот директор во ЈСП „Скопје“

Александар Стојковски е новиот директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП), информираат од Град Скопје.

Стојковски е дипломиран машински инжинер на Машинскиот факултет во Скопје. Има над 20 години работно искуство, а на функцијата доаѓа како претходно вработен во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

– Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на новиот директор му посакува успешна работа, да продолжи со досегашната успешна организациска поставеност на ЈСП, со грижата за вработените и да работи пред се во служба на сите граѓани, воспоставувајќи одлуки кои ќе бидат во интерес за сите граѓани. ЈСП Скопје ќе продолжи со сите расположливи средства и ресурси да го опслужува јавниот превоз во интерес на скопјани – стои во соопштението од Град Скопје.

Видео на денот