Александар Митевски, Дац и Бојана Скендеровски преку песна им се заблагодарија на сите кои се дел од битката против коронавирусот! (ВИДЕО)

Фото: Фејсбук

Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, кои во текот на изминативе неколку месеци објавија неколку хитови, сега преку една подарок песна, им се заблагодарија на сите херои на денешницата кои се вклучени во борбата со актуелниот коронавриус.

Станува збор за преработка на македонската песна „Љуби ме и главата горе“, овојпат во изведба на Александар Митевски, Дац и поп пејачката и водителка Бојана Скендеровски.

Песната доби и интересен видео запис, преку кој им се оддава почит на сите медицински лица, Армијата, Црвениот крст и сите други институции кои го жртвуваат својот живот за да помогнат во борбата со вирусот.

Во продолжение погледнете го видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот