Алексанар Јончевски поднесе оставка од тренерската позиција во Кожуф

фото: kfsm.mk

Претходно Пелистер и Работнички, а сега и уште еден клуб од кошаркарската прва лига ќе добие нов тренер.

Александар Јончевски поднесе оставка од тренерската позиција во Кожуф по поразот на гостувањето во Скопје кај Академија ФМП.

Клубот од Гевгелија има лош старт на сезоната со само две победи во осум натпревари, па тоа веројатно е главната причина за Јончевски да одлучи да си замине.

Оставката се очекува да биде прифатена од раководството на клубот и веќе утре да биде именуван новиот стратег кој ќе го води гевгелискиот клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот