Алек Болдвин и сопругата првпат се појавија во јавност по загубата на бебето

Profimedia

Само десет дена откако го доживеа вториот спонтан абортус годинава, Хиларија Болдвин, заедно со својот сопруг Алек Болдвин се појави во јавност. Синоќа присуствуваа на гала вечерата која секоја година ја организира американскиот Природноматематички музеј во Њујорк.

Глумецот се определил за класично одело со бела кошула, а Хилари облекла елегантна тоалета, чиј горен дел бил украсен со циркони и детали во облик на цвет.

Алек Болдвин (61) и неговата сопруга Хиларија (35) заедно имаат четири деца: ќерката Кармен и синовите Рафаел, Леонардо и Ромео, а глумецот ја има и ќерката Ајрленд од бракот со Ким Бесинџер.

Сепак, тие сакаат да добијат уште еден член. Хилари забременила двапати годинава, но доживеала спонтан абортус. Вториот спонтан абортус, кој се случил пред десетина дена, целосно ја скршил.

„Многу сме тажни што мораме со вас да споделиме дека денеска дознавме дека нашето дете почина во четвртиот месец од бременоста. Сакаме да знаете дека иако во моментов не сме добри, ќе бидеме. Имаме многу среќа што ги имаме нашите четири деца и никогаш нема да заборавиме на тоа“, напишала Хиларија во описот на фотографијата што ја објавила на Инстаграм.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот