Алегри замена за Солскјер во Манчестер јунајтед!?

twitter.com/SirAlexStand

Италијанскиот стратег се надева дека наскоро повторно ќе има тренерски предизвик, а се шпекулира дека би можел да се пресели на „Олд Трафорд“.

Како што пренесува британскиот „Дејли Мејл“, Масимилијано Алегри би можел да седне на клупата на „црвените ѓаволи“, доколку Оле Гунар Солскјер има намера да си оди во наредните неколку месеци.

52-годишниот стратег Алегри минатото лето го напушти Јувентус, после освојувањето на петтата титула по ред во Серија А.

Оттогаш италијанскиот тренер нема работа, иако се поврзуваше со трансфер во Арсенал како замена за Унаи Емери, но нешто подоцна беше промовиран Микел Артета.

Алегри се надева дека наскоро повторно ќе има тренерски предизвик, а се шпекулира дека би можел да се пресели на „Олд Трафорд“.

Солскјер од друга страна не се плаши од отказ, но после поразот во првиот меч од полуфиналето во Лига Купот од Манчестер сити истакна дека неговите играчи ги имаа најслабите перформанси досега сезонава.

Манчестер јунајтед има само две победи во последните шест натпревари. Освен Алегри, со поранешниот европски шампион се поврзува и екс менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот