Алегри со „ултиматум“ до Манчестер јунајтед!?

twitter.com/SirAlexStand

Италијанскиот тренер Масимилијано Алегри му се понудил на Манчестер јунајтед, пренесува „Дејли Мејл“.

Тој е заинтересиран за функцијата, но на првите луѓе на клубот од „Олд Трафорд“ им поставил услов дека мора да го ангажираат „во рок од неколку следни недели“, бидејќи нема намера да чека до зима или до крајот на сезоната во потрага за нов тренерски ангажман.

Поранешниот тренер на Милан и Јувентус е без ангажман од крајот на минатата сезона, кога со Јувентус освои пет шампионски титули по ред и е во потрага по нова работна обврска. Алегри претходно се поврзуваше со Арсенал, а Италијанецот рече дека би сакал да работи во Премиер лигата и сè почесто го учи англискиот јазик.

Во последните четири првенствени натпревари Манчестер освои само два бода, а после репрезентативните обврски го чека дербито со Ливерпул на „Олд Трафорд“.

Откако доби нови тригодишен договор, Солскјер во следните 17 првенствени натпревари освои исто толку бодови, а неговиот состав оваа сезона го забележа најлошиот старт во последните 30 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот