Алегри: Што јас можам да ги научам Роналдо, Пирло и Роналдињо?!

EPA-EFE/ANDREA DI MARCO

Масимилијано Алегри по напуштањето на клупата на Јувентус одлучи сезонава да одмора од фудбалот. Тој во тренерската кариера освои едно Скудето со Милан, додека со Јувентус доминираше во Серија А во последните пет години, а два пати играше и во финалето на Лигата на шампионите. Тој во интервју за „ЕСПН“ открива неколку тајни од тренерската професија, а зборува и за улогата на самиот тренер.

– Тренерот мора да биде покрај аут-линијата, мора да го дише фудбалот, да сфати кога треба да ги замени фудбалерите или да го извлече најдоброто од неговата екипа. Кога сте покрај теренот е перцепцијата е поинаква од таа која сакаат да ни ја наметнат луѓето кои од фудбалот прават егзактна наука. На таквите им порачувам дека тренерите не се создаваат покрај екраните туку на теренот – размислува Алегри.

Италијанецот е противник на се поголемата примена на технологијата во фудбалот.
– Доколку сè се дигитализира и се направите механички, повеќе нема да имате играчи кои размислуваат туку ќе имате роботи. Форсирањето на технологијата ја убива уметноста на фудбалот и тренерската работа. Јас лично немам ниту лаптоп, а истовремено гледам колку моите колеги се потпираат на електронските направи. Имам Ајпад, но него ми го купи Јувентус и на него ги гледам натпреварите и следам стастика. Имам добра меморија и не ми требаат поинакви помагала – додава Алегри.

Тој смета дека главната улога на тренерот кога ги тренира ѕвездите е да ги подготви физички, да ги распореди и да им даде упатства.

– Што можам нешто ново да ги научам Роналдо, Дибала, Роналдињо, Седорф или Пирло? Ништо, само можам да ги подготвам добро на физички план, да им дадам насоки како да играат, а потоа кога ќе почне натпреварот тие мора да одлучат што е најдобро за нив и како да реагираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот