Алегри останува на клупата и покрај дебаклот од Ајакс

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Во редовите на Јувентус тешко го прифатија поразот од Ајакс, но признаваат дека добија фудбалска лекција, му честитаа на противникот и веднаш ги започнаа подготовките за следната сезона.
Иако медиумите ја бараат главата на Масимилијано Алегри, тоа нема да се случи, стратегот останува во Торино. Причината за тоа е бидејќи управата не може да најде негова замена , Зинедин Зидан се врати во Реал Мадрид, Пеп Гвардиола е невозможна мисија, додека вратите за Антонио Конте се затворени во Јувентус.

– Останувам во Јувентус, имаме многу работа и наредната сезона повторно ќе се обидеме да ја освоиме титулата во ЛШ. Одигравме лошо второ полувреме, голем удел во тоа има и повредата на Дибала. Мора да му честитаме на Ајакс, сосема заслужено обезбеди пласман во полуфиналето – изјави Алегри.

Цехот за елиминацијата затоа ќе мора да го платат фудбалерите, прв на листата за отстрел е Даглас Коста кој сезонава мака мачи со повредите и најверојатно ќе се пресели во Англија.
Сигурно си заминува и Сами Кедира, а многу веројатна е продажба и на Пауло Дибала. Јувентус за него бара 100 милиони евра, а засега најголем интерес пројавија Баерн Минхен, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Даниеле Ругани на средбата со Јувентус покажа деја не може да биде достојна замена за ветераните Бонучи, Кјелини и Барѕаљи и тој исто така ќе биде продаден.
Од засилувањата, засега единствено е договорено пристигнувањето на Арон Ремзи од Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот