Алегри на преговори со „светците“

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри/фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Масимилијано Алегри се лини дека нема долго време да седи без работа. Според француската телевизија Канал плус, Алегри веќе започнал преговори со спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, за евентуално преземање на клупата на „светците“.

Францускиот тим иако на стартот од сезоната е без клучните играчи од нападот, Килијан Мбапе и Единсон Кавани, не игра добро и веќе има два порази по седум кола. Тоа е доволно за богатите газди на ПСЖ да почнат да размислуваат за смена на Томас Тухел кој се чини дека со првиот нареден кикс, ќе лета од клупата на францускиот шампион.

Алегри летово ја напушти клупата на Јувентус откако освои пет титули по ред во Серија А, но никако не успеа да стигне до посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот