Алегри: Фудбалот не е наука

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Екипата на Јувентус веќе ја освои осмата титула по ред во Серија А, но не успеа да ја реализира примарната цела за оваа сезона, триумф во Лигата на шампионите. Подобар од „старата дама“ во четвртфиналето на ЛШ беше холандскиот Ајакс.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, кој сè уште не може да ја преболи елиминацијата во ЛШ, изјави дека фудбалот не смее да се гледа само преку статистиката, бидејќи не е наука.

– Фудбалот не е егзактна наука. Како инаку би го објасниле податокот дека против Реал Мадрид минатата година, топката во наш посед беше 38%, а сепак победивме. Против Ајакс ние бевме доминантни, ја контролиравме топката, а на крајот загубивме. Луѓето може да ме критикуваат, но треба да погледаат што остваривме сиве овие години – изјави Алегри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот