Алчната мајка ќе му ја упропасти кариерата

Адриен Рабио се смета за еден од најталентираните француски фудбалери но никако своите квалитети да ги покаже на фудбалските терени. Главната причина за тоа е неговата мајка, Валери, која му е менаџер.

Рабио половина година е надвор од првиот тим на ПСЖ поради одбивањето да го продолжи договорот со францускиот шампион но и поради долгиот јазик во кој постојано ја критикува екипата во медиумите.

Французинот во зимскиот преоден рок се наоѓаше пред потпис со Барселона, првично ја прифати понудата на каталонскиот клуб од 10 милиони евра годишна плата. Но, тогаш на сцена стапи мајка му која ги шокира директорите на Барселона со барање од 15 милиони евра, барање кое беше одбиено и преговорите веднаш беа прекинати.

Сега „Газета дело Спорт“ пишува дека алчната мајка, Валери, му го упропасти и трансферот на кариерата. Имено, Јувентус беше заинтересиран да го ангажира Французинот, му понуди плата од пет милиони евра годишно, но мајка му побара двојно повеќе и преговорите пропаднаа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот