Алборг во луд финиш обезбеди фајнал-фор и ја остави Германија без учесник во Келн

epa08744775 Henrik Moellgaard of Aalborg reacts during the EHF Champions League handball match between Aalborg Handbold and HBC Nantes at Jutlander Bank Arena in Aalborg, Denmark, 14 October 2020. EPA-EFE/Henning Bagger DENMARK OUT

Екипата на Алборг е вториот патник на завршниот турнир во ракометната Лига на шампионите кој ќе се одржи во Келн. По ПСЖ кој го елиминира Келн, сега Алборг успеа да го елиминира Фленсбург иако во реваншот загуби со 33:29, но победата од пет гола од првиот натпревар (26:21) беше доволна данскиот тим за прв пат за игра на фајнал-фор турнирот во Келн.

Патникот во Келн беше одлучен во последните минути од натреварот иако во 47. минута Фленсбург имаше предност која го носи на фајнал-фор (27:21). Тогаш Данците одговорија со два гола преку Кристенсен и Јул-Ласен по што до самиот финиш беше неизвесно кој че биде вториот патник за Келн.

Алборг во 57. минута дојде до само минус два (29:27) откако беше прецизен Кристенсен, за Фленсбург да одговори со два гола за една минута. Клар во 58. минута намали на 31:28, по што германскиот тим постигна два брзи гола преку Сван за водство од 33:28 на 57 секунди до крајот.
Во последниот напад, ракометарите на Алборг успеаја да постигнат гол преку Клар и за прв пат да обезбедат пласман на завршниот турнир.

Токму Клар со седум гола беше најпрецизен кај Алборг додека кај Фленсбург Гола, Абелвик Род дадоа по девет голови, а Ласе Сван седум гола кои се покажаа како недоволни за елиминација на данскиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот