Албин Курти сруши рекорд, стана првиот косовски политичар кој добил 185.000 гласови на избори

Кандидатот за премиер на Косово, лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, постигнал нов рекорд со гласовите што ги добил на изборите од 6 октомври.

Курти успеал да добие 185 илјади гласови, бројка која не е постигната од страна на нту еден косовски политичар. Ваквата информација ја сподели поранешната пратеничка, Арбрие Нагавци. Курти на последните избори кои се одржаа во 2017 година добил 142 илјади гласови, пренесува Балканвеб.

Според извори на Бота Сот, Курти на изборите добил 20 илјади гласови повеќе од кандидатката за премиер на Косово од редовите на ДСК, Вјоса Османи.

Таа на овие избори добила 165 илјади глсови. Според првичните резултати за предвремените парламентарни избори во Косово, Самоопределување добила 203 илјади гласови а ДСК 197 илјади гласови. Овие бројки се без гласовите на дијаспората, но и без промените кои се прават со пребројувањето на гласовите, кое е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот