Албин Курти: Со Иса Мустафа и Вјоса Османи ќе се сретнам во четврток

Лидерот на Самооопределување Албин Курти, кој е и победник на последните парламентарни избори на Косово, изјави за КТВ дека побарал да се сретне веднаш со лидерот на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа, и со кандидатката на оваа партија за премиер, Вјоса Османи.

Но, според Курти, високите претставници на ДСК не прифатиле да се сретнат веднаш и дека таа средба, најавил тој, ќе се одржи во четвртокот.

– Побарав од нив да се сретнам или денеска или наредните денови и сега според се, ќе се сретнеме во четвртокот за да не губиме време да ги започнеме разговорите за коалиција – изјавил Курти за КТВ пренесува Експрес.

Претходно, лидерот на ДСК, Мустафа одби да го признае Движењето Самоопределување како победничка на изборите, изјавувајќи дека резултатот ќе се знае кога ќе заврши целосното броење на гласовите.

Мустафа најави дека заедно со кандидатката на ДСК овие денови ќе се средне со лидерот на Самоопределување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот