Албин Курти следеше фудбалски натпревар, но неговиот гест ги зачуди сите (ФОТО)
По победата на неговата партија, Самоопределување, во последните предвремни парламентарни избори во Косово, медиумите го следат Албин Курти скоро во секој чекор. Но и тој преку социлајните мрежи информира за сите негови активности.
Курти за време на изборите вети дека фудбалскиот натпревар меѓу Косово и Црна Гора ќе го следи од приштинскиот стадион „Фадил Вокри“, па и тоа го стори. Но тој не се појави во ВИП ложата од стадионот каде што се сместуваат вообичаено косовските поличари, туку меѓу самите навивачи во источната трибина.
– Во источна трибина на стадионот „Фадил Вокри“. За нашата екипа на Косово го очекуваме тоа што го сакаме – победа“ – напишал Курти на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Инаку, синоќа во Приштина се одржа фудбалски натпревар меѓу Косово и Црна Гора, при што победија домаќините со 2:0.