Албин Курти негативен на тестот за коронавирус, 20 лица заразени во Косово

Премиерот на Косово, Албин Курти и неговата екипа се тестираа за коронавиурсот и резултатите се негативни.

Веста за „Телграфи“ ја потврди потпаролот на косовската влада, Перпарим Круезиу кој истакна дека поради честите средби со странски делегации им беше перпорачано да извршат тестирање, во рамки на мерките кои се превземаат во борбата против вирусот.

-Премиерот и целиот негов кабинет во канцеларијата на премиерот, како превентивна мерка, беа тестирани. Резултатите од анализите се негативни за сите. Ги повикуваме сите да продолжат со почитување на мерките поставени од Владата и советите на професионистите- изјавил Круезиу.

Од друга страна, во Косово, бројот на заразени лица од вирусот Ковид-19 се искачи на 20. Денеска позитивен на тестот било едно лице од селото Брадаш, Подуево. Се работи за женско лице на 55-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот