Албин Курти ексклузивно за „Слободен печат“: Границата на Косово со Албанија не е албанска граница, тоа е граница на Југославија и Србија!

Во ексклузивно интервју за „Слободен печат“, кандидатот за премиер на Косово Албин Курти, негира дека се залага за Голема Албанија, но вели дека Албанија и Косово се две држави на еден народ. Границата меѓу нив, Албин Курти ја смета за граница поставена од Југославија и Србија и како таква, вели дека не е албанска граница.

Албин Курти се противи на идејата за размена на територии како начин на решавање на косовско-српскиот спор, затоа што тоа води кон војна.

Движењето „Самоопределување“ на Албин Курти е социјалдемократско по својата идеологија и затоа тој смета дека, доколку стане премиер на претстојните избори, ќе се залага за подобра соработка со Северна Македонија и со премиерот Зоран Заев, за разлика од другите партии на Косово кои добро соработувале со претходниот режим на Никола Груевски.

Целото интервју на Албин Курти за „Слободен печат“ гледајте го утре на Слободна ТВ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот