Албанските здравствени работници „здивнаа“ од преполнетите болнички капацитети

Тирана, Албанија, 2020 / Фото: Gent SHKULLAKU / AFP / Profimedia

Здравствените работници во Албанија во последните дваесеттина дена, откако бројот на новозаразени почна на опаѓа, а со тоа и намалената потреба од болнички третман на ковид пациенти „здивнаа” од преполнетите болнички капацитети.

-Поради намалената потреба веќе е затворената четвртата ковид болница во Тирана а во останатите три и исто толку регионални ковид центри хоспитализирани се 192 пациенти, 16 на интензивна терапија, од нив тројца интубирани. И во последното деноноќие продолжува трендот на опаѓање на нови случаи. Опасниот вирус е потврден кај 234 лица од направените 2.962 теста, изјави Огерта Манастрлиу, министерка за здравство.

Таа сепак апелира до граѓаните и деловните субјекти да продолжат со почитување на мерките за спречување на ширењето на заразата.

-Посебно апелираме сега кога почна светиот месец Рамазан да се почитуваат мерките на Комитетот на експерти и препораките на верските заедници да се избегнуваат фамилијарни и други собирања, меѓусебни посети и заеднички ифтарски вечери. Се нека биде во кругот на семејството. Треба да се почитуваат и препораките за однесување за време на молитвите, додаде таа.

Посочи дека и понатаму стои апелот упатен претходно до политичките партии да избегнуваат предизборни собирања на кои дозволено е да има до десет лица со почитување на физичко растојание и задолжително носење заштитна маска.

Како што претходно забележа Мира Ракацоли, претседателка на Комитетот на експерти за справување со пандемијата, токму поради непочитување на забраната за групни собирања, можен е нов бран на заразата.

Непочитувачи на оваа мерка се партиите од опозицијата, на чии собири присуствуваат голем број нивни приврзаници и граѓани, за што јавно обвини и премиерот Еди Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот