Албанските социјалисти држеле изборна кампања во Црква – Слободен печат
ВестиРегион

Албанските социјалисти држеле изборна кампања во Црква

Градоначалникот, Термет Печи, кој е во трка за друг мандат за 30-ти јуни, ги собрал милитантите на Социјалистичката партија во Црквата

Насилство врз Црквата. Вака ја смета Петрит Васили, поранешен претседател на парламентарната група на Социјалистичкото движење за интеграција(СДИ), кампањата на градоначалникот на Тепелена, Албанија, внатре во Црквата.

Градоначалникот, Термет Печи, кој е во трка за друг мандат за 30-ти јуни, ги собрал милитантите на Социјалистичката партија во Црквата, во месноста Лекел и за Васили поголем грев од тоа нема.

– Тоа го надминува секој Устав, тоа е најлошиот и нај-неопростливиот грев, бидејќи овие престапници не ги поштедуваат дури и црквите во нивната хистерија за зграпчување на власта. Ниту еден искрен Албанец, приврзаник на ниту една партија, не простува никогаш насилство врз светоста на верата – пишува меѓу другото Васили, пренесува Топ Чанел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close